Утрински Весник
Магазин

Бритни Спирс одела на терапија пред да почне да ги пишува мемоарите

Бритни Спирс одела на терапија пред да почне да ги пишува мемоарите

Бритни Спирс открива дека морала да помине многу советувања пред да се почувствува подготвена да се справи со пишувањето на своите мемоари.

dobivaj vesti na viber

Некогашната поп-принцеза (41) во вторникот на својот „Инстаграм“ ја откри илустрацијата на долгоочекуваната автобиографија, што ќе биде објавена на 24 октомври, откако „Галери букс“ (дел на издавачката куќа „Сајмон и Шустер“) – ја купи книгата среде жестока војна на наддавање меѓу неколку издавачки куќи.

Таа сега вели дека книгата „Жената во мене“, која на корицата ја прикажува Бритни топлес од помлади денови, е резултат на многу терапија.

Бритни им порача на фановите: „Мојата книга излегува набргу. Се потрудив за оваа книга, поминав многу терапија за да ја завршам, па драги мои, добро би било да ви се допадне. А ако не ви се допаѓа, и тоа е во ред“, напиша Бритни.

Таа откри во април 2022 година дека пишува книга, која доаѓа по успешното укинување на контроверзното старателство на татко ѝ Џејми Спирс, кој цели 13 години контролира голем дел од нејзиниот живот и финансиите.

Во ноември 2021 година Бритни ја врати контролата врз својот живот, како и својот имот од 60 милиони долари.

 

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста