Утрински Весник
Спорт

Три македонски екипи вечерва ќе настапат во Конференциската лига

Три македонски екипи вечерва ќе настапат во Конференциската лига

Македонски клубови (Македонија ЃП, Шкупи и Шкендија), вечерва ќе ја отворат сезоната во Конференциската лига.

dobivaj vesti na viber

Први на теренот ќе истрчаат фудбалерите на Македонија ЃП. Победникот во Купот на Македонија, од 17.30 часот, на теренот во тренинг центарот на ФФМ, ќе ја пречека екипата на РФС Рига од Летонија.

90 минути подоцна, во Литванија, Шкупи ќе игра против Хегелман. Клубот од Чаир ќе игра без еден од своите најдобри играчи. Алжирецот Хамиди поради проблеми со визата нема да игра во Литванија.

Шкендија за прптивник во првото коло го има претставникот на Велс, Хаверфордвест. Шкендија ќе биде домаќин во Скопје, на Националната Арена „Тодор Проески“. Дуелот ќе започне во 20 часот.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина