Утрински Весник
Свет

(Видео) Му се јавил на Кисинџер преправајќи се дека е Зеленски и прашал за Северниот тек

(Видео) Му се јавил на Кисинџер преправајќи се дека е Зеленски и прашал за Северниот тек

Руско дуо познато по шегите со познатите личности изјави дека го принудиле Хенри Кисинџер да ги открие своите размислувања за саботажата на гасоводот „Северен тек“ во септември минатата година.

dobivaj vesti na viber

100-годишниот државник, кој беше државен секретар на САД во периодот од 1973 до 1977 година и поранешен советник за национална безбедност на САД, стана последната личност која била измамена од двојката позната како Вован и Лексус, објавија руските медиуми.

https://www.youtube.com/watch?v=z6gvlpoczhc

Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров претходно беа на насловните страници за шегување со луѓе од висок профил како што се музичарот Елтон Џон, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш. Во нивната најнова измама, тие се претставија пред Кисинџер како украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На видеото се гледа како Кисинџер го прашуваат кој според него стои зад саботажата на гасоводот „Северен тек“ со кој се транспортира гас меѓу Русија и Германија.

„Искрено мислев дека вие, Украинците, го направивте тоа“, вели Кисинџер. Еден од нив тогаш одговара: “Навистина? Мислевте дека сме ние?! Не, не, не сме…”. Кисинџер потоа вели: „Но, јас не ве обвинив“, сугерирајќи дека не мислел дека забелешката е критика.

Можете да прочитате

Голем руски напад врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност