Прославениот режисер Кристофер Нолан одбил да користи компјутерски генерирани слики (Computer Generated Imagery – CGI) за некои сцени во „Опенхајмер“.
52-годишниот Британец е на кормилото на новиот филм, во кој Килијан Марфи го портретира Џ. Роберт Опенхајмер, физичарот кого го нарекуваат татко на нуклеарната бомба.
Режисерот објасни дека му бил потребен „залак на слики од реалниот свет“ за да ја прикаже опасноста од оружјето.
Во разговор со „Колидер“, Кристофер рече: „Нема CGI-кадри во овој филм“.
„Мислам дека компјутерската графика е прилично сестрана, може да прави сè и сешто, но има тенденција да изгледа безбедно. Затоа е тешко да се користи во хорор-филмови. Анимацијата има тенденција да создава одредена сигурност кај публиката“.
„Тестот на тројството, но и раните замисли на Опенхајмер, кои го визуализираат квантното царство, мораше да бидат заканувачки на некој начин. Мораше да имаат залак од реални слики од реалниот живот“, вели режисерот.
„Тестот на тројството, за оние што беа таму, беше најубавото и истовремено најстрашното нешто и тоа е местото каде што тргнавме за овој филм“.