Утрински Весник
Економија

Компанија отпушти 90 отсто од вработените поради вештачка интелигенција: одлуката предизвика хаос на Твитер

Компанија отпушти 90 отсто од вработените поради вештачка интелигенција: одлуката предизвика хаос на Твитер

Индиската компанија „Дукан“ отпушти 90 отсто од вработените за поддршка на клиентите и ги замени со вештачка интелигенција (ВИ).

dobivaj vesti na viber

Шефот на оваа компанија, Самит Шах, на Твитер објави дека тоа е „тешка, но апсолутно неопходна одлука“, пренесува Би-би-си.

Во исто време, тој се пофали со резултатите, бидејќи AI chatbot го намали времето за првиот одговор на корисникот од една минута и 44 секунди на нула, а проблемот на клиентот беше решен во просек за три минути и 12 секунди, наместо претходните два часа и 13 минути.

Трошоците за услуги на клиентите се намалени за 85 отсто, додаде Шах.

Објавата доби 1,7 милиони прегледи на Твитер и предизвика жестока дискусија, при што многумина ја критикуваа деловната одлука како „нечувствителна“.

„Голдман Сакс“ во март објави анализа, според која развојот на вештачката интелигенција ќе загрози 300 милиони работни места ширум светот.

Можете да прочитате

Цената на суровата нафта Брент се зголеми до 93,01 долари за барел

Владата ја породлжи мерката за намалени акцизи за горивата

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата – народот живее полошо и нема пари