Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Чачо во Реал Мадрид до јуни 2024 година.

Чачо во Реал Мадрид до јуни 2024 година.
300x250 opst2

Серхио Чачо Родригез го продолжи договорот со Реал Мадрид до јуни 2024 година, соопшти шпанскиот клуб.

dobivaj vesti na viber

Во седумте сезони во кои го носеше дресот на Реал Мадрид освои 14 трофеи.

Чачо освои три титули во Евролигата, а во 2014 година беше МВП на елитното натпреварување.

За Реал играше од 2010 до 2016 година, а потоа во 2022 година повторно го облече дресот на Кралскиот клуб. Минатата сезона блескаше во финишот на сезоната, кога Реал го елиминираше Партизан, откако губеше ).2 во четвртфиналната серија и на завршниот турнир, кога Реал ја освои титулата во Евролигата.

Кариерата ја започна во Естудијантес, играше за Портланд, Сакраменто Кингс, Њујорк Никс и Филаделфија, по што се врати во Европа и го облече дресот на ЦСКА Москва.

Тој беше во Армани од 2019 до 2022 година, по што се врати во Реал.

Со шпанската репрезентација има олимписко сребро и бронза, светско и европско злато, како и две европски бронзи и едно сребро.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица