Утрински Весник
Култура

На сцената на Националната опера и Балет ќе се изведе обновената опера „Лидија од Македонија“ од Ристо Аврамовски

На сцената на Националната опера и Балет ќе се изведе обновената опера „Лидија од Македонија“ од Ристо Аврамовски

Националната опера и Балет најавува обнова на една од најубавите македонски опери „Лидија од Македонија“ од нашиот композитор Ристо Аврамовски. На сцената на Националната опера и Балет ќе се изведе на 16 септември 2023, со почеток во 20 часот.

dobivaj vesti na viber

Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Режисер е Пламен Карталов (Бугарија), обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева.

Во главните улоги ќе настапат: Наде Талевска Спасовска во улогата на Лидија, Игор Дурловски во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски/Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева Талевска/Катерина Стојановска – Асија, Александра Лазаровска – Василевски/Елена Голомеова – Агија и Марика Поповиќ/Соња Пендовска-Мадевска – Дина. Настапуваат Хорот и Оркестарот на Националната опера и Балет.

Операта „Лидија од Македонијаж“ е опера во два дела. Создадена е во 2001 година по нарачка од тогашниот Македонски народен театар. Либретото го направиле Гиј Шелеи и Дора Петрова (Франција) во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш. Се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија. Се обработуваат настани што се случиле во тоа време. Тоа е библиска тема.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“