„Барби“ со Маргот Роби во главната улога се очекува да заработи околу 80 милиони долари првиот ден на киноблагајните, а „Опенхајмер“ на британскиот режисер Кристофер Нолан се очекува да дебитира со 50 милиони долари.
Новиот филм на режисерката Грета Гервиг, според познавачите, ќе инкасира 80 милиони долари или уште повеќе првиот ден во кината. Главните улоги во филмот ги толкуваат Маргот Роби и Рајан Гослинг како Кен.
Во меѓувреме, „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан со Килијан Марфи во главната улога се предвидува дека ќе достигне 50 милиони долари во своето деби на киноблагајните.
Двата филма, два од најочекуваните годинава, ќе бидат прикажани на 21 јули.
Според познавачите, „Барби“ и „Опенхајмер“ ветуваат викенд од речиси 200 милиони долари на американскиот боксофис (од 21 до 23 јули). Вревата за „Барби“ продолжува да расте додека фановите се подготвуваат за премиерата, „Опенхајмер“ е сериозна драма за потеклото на атомската бомба.