Утрински Весник
Култура

Свечено доделени наградите на фестивалот Актерот на Европа

Свечено доделени наградите на фестивалот Актерот на Европа

Синоќа во Преспа, пред зградата на Сарајот Ресен, свечено беа доделени наградите на најуспешните изведби од различни европски земји.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот свечено беше отворен на 6 јули со врачување на нагрдата за животно дело Актер на Европа на легендарната унгарска актерка Енико Есењи. По таа спектакуларна вечер почна натреварувачкиот дел на овогодишното издание на Фестивалот.

Меѓународната жири комисија во сосотав: Мето Јовановски, претседател, Назиф Услу (режисер од Турција), Елена Трајковска, актерка и Атила Клинче, актер и универзитетски професор донесе едногласна одлука:

– Наградата „Млада Европа“ се доделува на меѓународниот проект под покровителство на УНЕСКО – „Среќата е нова идеја во Европа“ со учество на млади актери од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Македонија.

– Наградата Жак Лакариер се доделува на Кане Кампман и Брајан Мајкалс од Германија за претставата „Разоткривање на минатото – Комуникација во и за Холокаустот“.

– Наградата за најдобар драмски текст се доделува на Гоце Ристовски за дуодрамата „9“.

– Наградата „Преспански Дионис“ се доделува на Наташа Петровиќ од Србија за претставата „Чучук Стана“ на Народниот театар на Тимочка Краина „Зоран Радмиловиќ“ од Заечар.

– Награда за најдобра претстава во целина се доделува на претставата „Во името на таткото“ во продукција на Арт театарот од Цирих, Швајцарија. Текст Ридван Дибра, Режија Сулејман Рушити со актерот Даут Ахмети.

– Годишната наградата Актер на Европа за 2023 година се доделува на Слободан Маруновиќ, Црна Гора, за улогата во претставата „Последниот час на Његош“, работена по текст на Слободан Томовиќ, а во режија на Благота Ераковиќ, проект на Народниот театар од Подгорица.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“