Утрински Весник
Македонија

Маричиќ-Ли: Брзите реформи клучни за планот Македонија да стане членка на ЕУ до 2030

Маричиќ-Ли: Брзите реформи клучни за планот Македонија да стане членка на ЕУ до 2030

Во Вашингтон вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, се сретна со директорот на Канцеларијата за Европска Унија и регионални прашања при Стејт Департментот, Роб Ли, со кој зборуваа за нашиот евроинтеграциски пат, за регионалната соработка и економското поврзување на регионот.

dobivaj vesti na viber

На средбата зборуваа на повеќе важни политички домашни теми, но и за случувањата во регионот, со акцент на регионалната соработка како предуслов за интеграција во ЕУ.

Во разговорот на Маричиќ со Ли било потенцирано дека европската идеја за обединување е активна, а за европска визија и планот на македонската Влада до 2030 Северна Македонија да стане членка на ЕУ, брзите реформи се клучни, со укажување дека сега е можноста да обезбедиме целосен просперитет на македонското општество, што е во интерес на сите.

Директорот на Канцеларијата за Европска Унија и регионални прашања при Стејт Департментот, Роб Ли уште на состанокот ја потврдил позицијата на САД дека нивниот фокус останува задржувањето на безбедноста на Западен Балкан и нивната заложба сите држави од регионот да останат стабилни и на европскиот пат, на кој нема да изостане американската политичка и финансиска поддршка за тешките реформи во правосудството и борбата против корупцијата.

Маричиќ во Вашингтон ќе се сретне и со американскиот специјален претставник за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар за Европа и Евро-Азија, Габриел Ескобар, а утре ќе земе учество на тркалезна маса, во организација на „Атлантскиот Совет“ на која со американски експерти кои работат на Западен Балкан, ќе разговара за европскиот пат на Северна Македонија и како до поголеми резултати во исполнувањето на задачите и обврските кои ги имаме, кои ќе го забрзаат процесот на преговори со ЕУ.

Можете да прочитате

Владата утврди квота од 10.000 работни дозволи за странци за 2026 година

„Маршот на ангелите“ одложен поради празникот Водици

Петровска: Расте буџетот за одбрана, а платите во Армијата стагнираат – реален или фиктивен раст?