Царински службеници на граничниот премин Богородица спречија недозволено внесување на фреон во боци за еднократна употреба, што се забранети за увоз.
Боците се откриени на влез во државата во товарно возило со македонски регистарски таблички управувано од лицето Д.Г.
При царинска контрола на возилото биле пронајдени 1150 боци со неколку типа на фреон со вкупна тежина од над 13,5 тони, соопштија од Цариснакат управа.
„Царински службеници на граничниот премин Богородица спречија недозволено внесување над 13,5 тони фреон во 1150 боци за еднократна употреба, што се штетни за здравјето на луѓето и животната средина.
Боците се откриени на влез во државата во товарно возило со македонски регистарски таблички управувано од лицето Д.Г.
Против лицата се поднесени кривични пријави до ОЈО за кривично дело Недозволена трговија“, е наведено во соопштението објавено на социјалните мрежи.