Утрински Весник
Спорт

Пол Погба одби 100 милиони евра од Саудиска Арабија

Пол Погба одби 100 милиони евра од Саудиска Арабија

Францускиот интернационалец Пол Погба одлучи да ја одбие понудата од Саудиска Арабија вредна 100 милиони евра. Ал-Хилал се обиде да го убеди Погба да се приклучи на ѕвездите кои веќе се преселија во оваа земја, но Французинот нема таква намера.

dobivaj vesti na viber

Тој својата иднина ја гледа само во Јувентус, тврди францускиот весник „Л’Екип“.

Погба имаше многу проблеми со повредите минатата сезона, го пропушти и Светското првенство во Катар, па се надева дека оваа сезона ќе се врати во вистински натпреварувачки ритам, а потоа и во репрезентацијата на Франција.

Фудбалерот за врска во професионалната кариера играше само за два тима, Јувентус и Манчестер Јунајтед.

Можете да прочитате

ПСЖ повторно е крал на Европа! Арсенал падна по пенал-драма во Будимпешта

Европа чека нов или стар шампион – ПСЖ и Арсенал за трофејот од Лигата на шампионите 

Седлоски: Да постигневме гол од двете шанси, мечот ќе отидеше во друга насока