Утрински Весник
Свет

Бајден ја поддржува продажбата на авиони „ф-16“ на Турција

Бајден ја поддржува продажбата на авиони „ф-16“ на Турција

Американскиот претседател Џо Бајден ќе иницира трансфер на борбени авиони „ф-16“ во Турција во договор со Конгресот, изјави во вторникот американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан.

dobivaj vesti na viber

Саливан пред самитот на лидерите на НАТО рече дека претседателот Џо Бајден бил јасен за поддршката за трансферот.

„Тој не стави никакви ограничувања на тоа. Тој има намера да продолжи со тој трансфер“, додаде.

Саливен не даде детали за периодот во кој ќе се реализира ова.

Можете да прочитате

Украински дрон ја погоди нуклеарната централа Запорожје, МААЕ загрижена

Русија: Украински дрон ја погоди најголемата нуклеарна централа во Европа

Тројца мртви во американски напад врз брод за кој имало сомнеж дека шверцува дрога во Пацификот