Утрински Весник
Економија

Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска организираа одмор во Охрид за деца заболени од рак и нивните семејства

Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска организираа одмор во Охрид за деца заболени од рак и нивните семејства

Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска, во организација на Сано, национално здружение кое им помага на децата заболени од рак и на нивните родители и постои за да овозможи достоинствени услови на најранливите во борбата со оваа подмолна болест, ова лето ги израдува оние на кои им е најпотребен одмор, релаксација и уживање – малите храбри борци кои успеаја да издвојуваат една тешка битка во животот – да го победат канцерот.

dobivaj vesti na viber

Зегин како долгогодишен пријател и поддржувач на Здружението го овозможи овој одмор на брегот на Охридското езеро, кој освен релаксација, на своите штитеници и нивните мајки им овозможи и доста едукативни работилници поврзани со животот, социјализацијата, имунитетот и суплементација на пациентите кои се во ремисија.

„Општествената одговорност е она по што компанијата Зегин заедно со Фондацијата д-р Верица Механџиска се препознатливи и оваа хумана мисија планираме да ја продолжиме и понатаму и да даваме поддршка секогаш и секаде каде што е потребно”, изјавија Викторија и Христина Механџиски, сопственички на Компанијата Зегин и Фондација д-р Верица Механџиска.

ПР

Можете да прочитате

Во ноември лани 304 одобренија за градење, во Скопскиот Регион 427 стана

Четириесет нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите

Дурмиши: Цените на храната се намалуваат