Утрински Весник
Македонија

Царинска управа: Спречен обид за нелегален влез на мигранти по контрола на товарно возило кое патувало за Франција

Царинска управа: Спречен обид за нелегален влез на мигранти по контрола на товарно возило кое патувало за Франција

Царински инспектори од Одделението за оперативни работи, спречија обид за нелегален влез на четворица мигранти по контрола на товарно моторно возило на граничниот премин Богородица чија крајна дестинација била Франција.

dobivaj vesti na viber

– Мигрантите биле скриени во полуприколката на товарното возило, меѓу палети со стока пријавена за транзит. Тројца од мигрантите согласно нивната изјава се од Сиера Леоне, а едно лице е од Нигерија. Лицата се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка, известија од Царинската управа.

Можете да прочитате

(фото) Вечерва тешка сообраќајна несреќа во Бутел – автомобил превртен на кров, има повредени

Јована Мојсоска објави дивоградба во срцето на струшката чаршија

Изгореа неколку штали – Пожарот во Валандово сега е ставен под контрола