Утрински Весник
Свет

Ќерка со глисер го прегазила татко си-Одморот од рајот се претворил во ужас во Италија

Ќерка со глисер го прегазила татко си-Одморот  од рајот се претворил во ужас во Италија
Dik 300x250 mk

На маж од Велика Британија морале да му ја ампутираат ногата откако бил прегазен од глисер управуван од неговата ќерка, која наводно го ставила во рикверц наместо да оди напред, додека бил на одмор во Италија.

dobivaj vesti na viber

Ќерката управувала со чамецот во популарниот туристички град Канигионе на Сардинија, кога го прегазила и тешко го повредила.

Во целосен шок, таткото бил итно пренесен во болницата „Сасари“, каде лекарите констатирале сериозна рана на левата нога.

Медицинскиот персонал немал друг избор освен да изврши полуампутација бидејќи ногата му била целосно распарчена, јавуваат локалните медиуми.

Инаку, „Канигионе“ е мало крајбрежно гратче на Сардинија покрај популарната „Коста Смералда“, со живописна плажа со златен песок и кристално чисто море.

Поранешното рибарско село на северо-источниот дел на Сардинија е, меѓу другото, многу популарно место за нуркање.

Можете да прочитате

Американската армија до своите војници во Германија: Побарајте помош од народните кујни

Каков имот има новиот градоначалник на Њујорк и колку ќе заработува?

Три жени уапсени за планирање терористички напад во Париз