Утрински Весник
Магазин

(Видео) Кристофер Нолан се враќа со нов блокбастер

(Видео) Кристофер Нолан се враќа со нов блокбастер

Прославениот режисер Кристофер Нолан го избра Џеј Роберт Опенхајмер за тема на својот нов филм враќајќи ги гледачите назад во времето кога американскиот теоретски физичар го надгледуваше создавањето на атомската бомба во текот на Втората светска војна.

dobivaj vesti na viber

Трилерот „Опенхајмер“ е базиран на биографскиот филм American Prometheus („Американски Прометеј“) од 2005 година на Каи Брд и Мартин Џеј Шервин.

Килијан Марфи го портретира титуларниот лик – таткото на атомската бомба. Емили Блант ја глуми неговата сопруга. Во филмот глумат и Мет Дејмон, Роберт Дауни Јуниор, Флоренс Пју, Рами Малек и Џош Хартнет, меѓу другите.

„Приказната на Опенхајмер е една од најдраматичните што ги знам и има толку многу аспекти што ја прават толку привлечна“, изјави Нолан во заедничкото интервју со Марфи за „Ројтерс“.

„Сакав да ги одведам гледачите таму, во таа просторија, со тие луѓе во времето кога морало да донесат такви ужасни одлуки што го обликуваа светот во кој сега живееме“, додаде тој.

Опенхајмер управувал со тајна лабораторија во Лос Аламос, основана за време на претседателот Френклин Рузвелт како дел од проектот „Менхетен“ за создавање на првата атомска бомба. Тој го надгледувал детонирањето на бомбата „тринити“ во пустината Ново Мексико пред да биде употребена во бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки.

Кога Кристофер Нолан работи на нов филм, премиерата нестрпливо се очекува. Најновиот пристига во киносалите на 19 јули.

Можете да прочитате

Никој не може да им одолее: Ова се најсекси хороскопските знаци

Замастен црн дроб: Фактори на опасност и совети

Мбапе не може да вози автомобил обезбеден од Реал Мадрид