Утрински Весник
Македонија

Приведени рибокрадци од Албанија, ловеле со мрежи во Охридското Езеро

Приведени рибокрадци од Албанија, ловеле со мрежи во Охридското Езеро

Во текот на мај и јуни 2023 година полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, самостојно, но и во соработка со СВР Охрид и инспектор по рибарство од Државниот инспекторат за земјоделство, во водите на Охридското Езеро и на копно реализираа 100-ина патролни контроли и мерки според Законот за рибарството и аквакултурата, со цел пронаоѓање лица што вршат незаконит риболов.

dobivaj vesti na viber

Притоа полициските службеници во водите на езерото пронајдоа и одзедоа 126 рибарски мрежи во должина од 2.800 метри, со 219 уловени риби во вкупна тежина од 45 килограми, како и повеќе видови риболовен алат и опрема. Лишени од слобода се две лица од Република Албанија, кои со пловен објект илегално ја преминале државната граница, како и едно лице, кое со харпун ловело риба во езерските води.

Поднесени се две кривични пријави по основ на илегален премин на државната граница и незаконит риболов во територијалните води на РСМ, како и прекршочни пријави според Законот за рибарството и аквакултурата и една пријава според Законот за внатрешната пловидба.

Можете да прочитате

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна