Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митревски пак обвинува за тешка измама во ССМ: Трендафилов не може да избран за претседател, ЕУ со писма бара мое итно враќање

(Видео) Митревски пак обвинува за тешка измама во ССМ: Трендафилов не може да избран за претседател, ЕУ со писма бара мое итно враќање

Поранешниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија Живко Митревски, побара итно да се прогласи за ништовен изборот на Слободан Трендафилов за нов претседател на ССМ, избран по смртта на Дарко Димовски, оти е прекршен Статутот. Покрај ништењето на изборот, Митревски извести дека неколкумина европарламентарци веќе испратиле писма до Владата и до Министерството за труд во кое бараат тој итно да биде вратен на функцијата претседател на ССМ оти е ништовно решението од Фросина Ременски со кое тој беше тргнат од функцијата оти не е потпишано и од дополнителниот министер во тогашната Влада.

Речиси половина час експретседателот на СММ денес објаснуваше дека изборот на Трендафилов за претседател на ССМ е скандал.

dobivaj vesti na viber

„Вршител на должност – претседател на Сојузот на синдикати може да стане само претседател на грански синдикат. Слободан Трендафилов од моја страна беше примен како правник во рамки на Сојузот на синдикати на Македонија и беше член на Синдикатот на УПОЗ. По принцип, не знам како воведен, на монархија, по неговото заминување од Синдикатот на градежништво, станува секретар во Синдикатот на градежништво. Чудото да е уште повеќе на седницата на претседателство на ССМ, која е свикана спротивно на Статутот на ССМ бидејќи може да се свика исклучиво од претседател, доколку не може претседателот, се свикува со овластување на некој од претседателството или со две третини од членството. Без разлика на тоа секретарот на ССМ, инаку пензионер, Златко Цветковски, ја свикува по ‘Вибер’ оваа седница на 08.06. Во ист ден се свикува и седницата на Совет каде ни помалку ни повеќе за в.д. претседател на ССМ се именува господинот Слободан Трендафилов кој во никој случај не може да биде. Некои од членовите на претседателството бараат веднаш да ја напушти канцеларијата, а изненадувањето и измамата да биде уште поголема тој се претставува дека е претседател на гранскиот синдикат на трговија. Значи во еден ден очигледно човекот станал и трговец, односно станал трговски работник “, рече Митревски.

Митревски потсети дека според статутот на Синдикатот на трговија, претседателот може да биде биран само на изборно собрание, а Слободан Трендафилов покажал дека еден ден пред одржувањето на седницата на претседателство бил наводно именуван за претседател на Синдикатот на трговија и со тоа ги довел во заблуда членовите кои го избрале за претседател на ССМ.

„Голем дел од членовите се воведени во тешка измама и тешка заблуда. Очигледно дека и Синдикатот на трговија со претходната претседателка која наводно дала оставка поради пензија, а нема поднесено барање за пензија, направиле тешка измама доведувајќи ги о заблуда голем дел од членовите на синдикатите“, рече Митревски.

Тој апелираше Министерството за труд и Владата веднаш да постапат по барањата поднесени од него и од уште неколкумина челнови на Советот, веднаш да биде поништен изборот на Трендафилов за в.д. претседател на ССМ. Исто така Митревски побара Владата и Министерството за труд да постапат по барањата на неколкумина европарламентарци кои испратиле писмо во кое укажуваат дека тој треба да биде вратен на функцијата.

„ЕУ и неколку претставници, пратеници од Европскиот парламент ангажираа неколку консултантски куќи и адвокатски канцелари кои се обратија со писмо до премиерот на Владата Димитар Ковачевски, со кои бараат мое итно враќање за легитимен претседател на ССМ укажувајќи на неколку значајни активности, пред се повикувајќи се на владеењето на правото“, објасни Митревски и нагласи дека денес до Владата ќе биде испратено уште едно писмо од Брисел.

Митревски го смета Трендафилов за нелегитимен в.д. претседател и вели дека не може да потпишува кави било одлуки оти се уште не е заведен во Централен регистар. Министерката за труд Јованка Тренчевска не го потпишува решението оти, исто така се сомнева во изборот.

Слободан Трендафилов беше избран за в.д. претседател на Конгрес пред десет дена, како единствен кандидат откако дотогашниот претседател Дарко Димовски почина на 45-годишна возраст. Димовски откако беше избран за претседател на ССМ, од 2017 година, постојано водеше судски постапки со Митревски кој го оспоруваше и неговиот избор.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор