Утрински Весник
Магазин

(Видео) Хари Стајлс погоден со предмет за време на настап во Виена

(Видео) Хари Стајлс погоден со предмет за време на настап во Виена

Хари Стајлс е најновата жртва на бизарно однесување на публиката, објавија таблоидите пренесувајќи дека пејачот бил погоден со непознат предмет во текот на концертот во Виена во саботата.

dobivaj vesti na viber

Настапот е во рамките на неговата турнеја Love on Tour.

Негови фанови споделија кусо видео на социјалните мрежи на која се гледа како Сталјс (29) се движи по бината кога одеднаш мал предмет слетува во близина на неговото лево око.

Поранешниот член на One Direction се грчи од болка и се наведнува држејќи се со рацете за лицето.

Некои од фановите, кои биле присутни на концертот во Виена, рекоа дека пејачот бил погоден откога ја испеал Sign Of The Times на бис.

„Сè уште често го допира лицето. Изгледаше дека многу боли. Му требаше малку време да се соземе, ја напушти сцената, потоа се врати и продолжи да пее“, изјави Германката Миријам за „Јаху“.

Британецот е последен во низата музички ѕвезди на кои им биле фрлани предмети среде концерт. Минатиот месец пејачката Бебе Реџа беше удрена со мобилен телефон по лицето додека настапуваше во Њујорк, а претходно за време на настап беше погодена и кантри-ѕвездата Келси Балерини.

Пред неколку дена, за време на концерт во Чикаго, некој од публиката му фрли мобилен телефон на Дрејк, а британската пејачка Адел оваа недела проговори против инцидентите. „Ќе ве убијам ако се обидете да фрлите нешто кон мене“, рече таа алудирајќи на публиката.

Можете да прочитате

Замастен црн дроб: Фактори на опасност и совети

Мбапе не може да вози автомобил обезбеден од Реал Мадрид

Крцкаво пилешко мевце, се приготвува многу лесно, а тајната е во една состојка