Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Неспособните градоначалници на ДПМНЕ во Скопје се соучесници во хаосот со ѓубрето

СДСМ: Неспособните градоначалници на ДПМНЕ во Скопје се соучесници во хаосот со ѓубрето

СДСМ реагира дека неспособната локална власт на ДПМНЕ во Скопје создаде досега невиден хаос, а градот се дави во ѓубре.

dobivaj vesti na viber

Одговорноста за хаосот, според нив е кај Мицкоски и кадрите на ДПМНЕ во Скопје.

Според партијата на власт, неспособните градоначалници на ДПМНЕ во Скопје, со својата неработа и негрижа за потребите на граѓаните се директни сочучесници во хаосот со губрето и во нефункционирањето на локалните претпријатија.

„Истите оние кои ја поддржуваа Арсовска во кампањата, кои заедно со Мицкоски бараа глас од скопјани за неа и за ДПМНЕ, заедно ги создадоа проблемите во Скопје. Секогаш кога ќе добие глас од граѓаните ДПМНЕ се случува хаос и уназадување. Тоа го гледаме овие денови во најлоша форма. Со едно ѓубре не можат ДПМНЕ и нивните неспособни градоначалници да излезат на крај е не градот да се развива“, потенцираат во реакцијата од СДСМ.

Наместо модерно Скопје, како што велат, граѓаните добија загаден град во кој не функционира ниту јавен превоз, ниту било што друго.

„Неработа, неспособност и раце во медот, тоа се одликите на градоначалниците на ДПМНЕ и на Мицкоск“, се додава во напишаното.

Можете да прочитате

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства 

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ