Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ѓубрето од Аеродром и Кисела Вода истурено пред Дрисла

(Видео) Ѓубрето од Аеродром и Кисела Вода истурено пред Дрисла

Ѓубрето од Аеродром и Кисела Вода што вечерва со помош на механизација од други градови беше собрано од овие општини, заврши фрлено пред Дрисла.

dobivaj vesti na viber

Градоначалниците на Кисела Вода и Аеродром, Орце Ѓорѓиевски и Тимчо Муцунски, кажаа дека одлуката да се самоорганизираат за собирање на ѓубрето од улиците на овие општини беше донесена бидејќи Арсовска и градските претпријатија не си ја вршат работата, а Скопје е во состојба пред зараза.

Градоначалниците беа спречени да го истоварар ѓубрето на депонијата.

Откако по повеќе од 1 час не можеа да го истоварат ѓубрето, укажаа дека имаат две опции – или да го вратат во Скопје на улиците или да го истоварат пред Дрисла.

Кажаа дека ја избрале втората, по што отпадот беше истурен пред Дрисла.

Порачаа дека градоначалничката Арсовска која не сака ниту да го собира, ниту да го одлага може да го истури во депонијата.

Можете да прочитате

ДУИ: Министерот за правда од ВРЕДИ ја изедначи жртвата со агресорот – невидена штета за албанската кауза

ЛДП: Експресни пријави за „шефот на елитата”, а правен систем за другите — утре сабајле!

Контролори за боледувањата ќе ѕвонат на врата, но смеат ли да влезат во домот?