Утрински Весник
Спорт

Покетино го сака Влаховиќ во Челзи

Покетино го сака Влаховиќ во Челзи

Челзи не се откажува од евентуалниот трансфер на Душан Влаховиќ. Со доаѓањето на Маурисио Покетино интересот на „сините“, за играчот на Јувентус доби нова димензија.

dobivaj vesti na viber

Медиумите од Островите и од Апенинскиот Полуостров во текот на изминатата сезона често пишуваа за можноста напаѓачот на „старата дама“, да се пресели во Премиер лигата, пред се во Арсенал.

Сепак, клубот од „Стемфорд Бриџ“ сега е најсериозен во намерата да го ангажира репрезентативецот на Србија, кој според новинарот Алфредо Педула не е најзадоволен од својата позиција во Јувентус.

Наводно, Челзи ќе се обиде што поскоро да ги договори условите со црно-белите и со 23. годишниот напаѓач, кој минатата сезона постигна 14 гола и забележа четири асистенции на 42 натпревари за торинскиот тим во сите натпреварувања.

Интерес за Влаховиќ лично пројави новиот менаџер на Челзи Покетино, но официјалната понуда до Јувентус се уште не е испратена.

Сениорската кариера Влаховиќ ја започна во Партизан, од каде се пресели во Фиорентина. Тој е член на торинската Стара дама од јануари 2022 година и има договор до 2026 година.

Можете да прочитате

Мбапе го купи францускиот второлигаш Каен

Пан го урна светскиот рекорд па „удри“ по колегите од Австралија и САД

Милан го победи Реал, Луверпул славеше над Арсенал