Утрински Весник
Спорт

Ливерпул е во преговри за Лавија

Ливерпул е во преговри за Лавија

Фудбалскиот клуб Ливерпул е во преговори со играчот од средниот ред на Саутемптон, Ромео Лавија.

dobivaj vesti na viber

Информациите кои пристигнаа од „Енфилд“ во претходниот период говореа дека Лавија и понатаму е скапа опција за Ливерпул клубот ги ангажираа Алексис Мекалистер и Доминик Собослај и потрошија околу 130.000.000 евра за реновирање на средниот ред.

Истовремено тука се и Куртис Џонс кој игра се подобро и имаше одлично Европско младинско првенство, потоа Џордан Хендерсон, Фабињо, Харви Елиот и Стефан Бајчетиќ.

Цената за Лавија која ја постави Саутемптон е 50.000.000 евра.

Доколку го реализираат овој трансфер, Ливерпул летово би потрошил 180.000.000 евра и практично ќе го заврши преодниот рок.

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026