Утрински Весник
Македонија

Хајредини до Маричиќ: Со тебе имаме катастрофална корупција и нула доверба во судството

Хајредини до Маричиќ: Со тебе имаме катастрофална корупција и нула доверба во судството

Поранешниот министер за финансии и политички аналитичар, Џевдет Хајредини ја коемнтираше изјава на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ дека механизмите на ЕУ и извештаите секогаш ни биле инструмент за подобрување.

dobivaj vesti na viber

Хајредини вели дека во време на Маричиќ се случи земјата со корупција да дојде до катастрофална состојба.

„Да ти биле секогаш инструмент за подобрување, како токму со тебе како министер за правда и за евроинтеграции, се случи земјата со корупција да дојде во катастрофална состојба, довербата на граѓаните во судството да падне на нула, низата скандали и превирања во Судскиот совет?

Токму ти, и не само ти, сте виновни што парите на САД и механизмите со извештаите на ЕУ, не биле инструмент за подобрување, туку, напротив, до крајно влошување на состојбата.

Освен тоа, виновни сте што не го прифаќате барањето на Али Амети да отворите истрага за него и за сита
во ДУИ, како и ветинг над сите во целата држава. Виновни сте што дозволивте дури и премиерот да се чуди, зашто криминалот и кирупцијата некој да ги гледа од Америка, а да не ги гледаат нашите надлежни органи од овде“, вели Хајредини.

Можете да прочитате

Хуманитарен пункт од утре во Скопје за настраданите семејства од пожарите

Ангелов: На пожарот во с. Брезница дејствува чешки хеликоптер „Блек хок“, од огнот не е зафатено ловиштето Јасен

Девојки од Србија, Украина и Албанија без документи затекнати во ноќен клуб во Желино