Утрински Весник
Македонија

Повлекувањето на ВМРО-ДПМНЕ од уставни измени е лошо и непромислено, пратеници за гласање ќе има – Османи смета дека и угодиле на опозицијата

Без уставни измени, од првенец на генерација ќе завршиме како земја со отворени прашања, вели Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи за лоша и непромислена ја смета одлуката на ВМРО-ДПМНЕ, кои решија повеќе да не разговараат за уставни измени. Сепак, Османи посочува дека Владата нема да се откаже од уставни измени со поддршка од опозицијата.

dobivaj vesti na viber

„Нема нешто што ВМРО-ДПМНЕ побара, а ние не прифативме и кога останаа веќе без аргументи, кажуваат „ги прекинуваме сите разговори, освен за избори. И затоа реков, ‘благодарам’, бидејќи не да побаравме, немаше тоа да го кажат“, рече Османи.

Оптимист е дека ќе има повеќе пратеници од потребното за уставни исмени.

„Во однос на пратениците јас очекувам дека бројот ќе е поголем отколку што е неопходниот за уставните измени“, посочи Османи.

Можете да прочитате

Приведен маж за напад и обљуба на сопругата во Скопје

Мицкоски: Има многу индиции за сторен криминал, а има нула дејство, судството и обвинителството мора да се исчистат од корумпирани судии и обвинители, нашиот модел кој го нудиме е самите да го сторат тоа, без да се мешаме

“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈНОВА ВЕСТ: Големата суша и топлина во Македонија би можела да потрае уште најмалку две недели