Утрински Весник
Македонија

164 сообраќајни прекршоци во Скопје, 77 за брзо возење

За четири часа 51 казна за брзо возење на територија на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 77 санкции, 13 санкции за возење без возачка дозвола, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири санкции за некористење сигурносен појас, 11 санкции за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Александар Николоски повторно во посета на Унгарија

Поради пожар повторно забрана за сообраќај на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје

ОЈО отвори истрага за лицето што се закануваше со подметната бомба во авион