Утрински Весник
Свет

(Видео) Поради учество на неговиот син во насилна тепачка, албански пратеник се откажа од мандатот

(Видео) Поради учество на неговиот син во насилна тепачка, албански пратеник се откажа од мандатот

По насилното однесување на членови на неговата фамилија, меѓу нив и неговиот син, кон членови на друга фамилија, пратеникот на Социјалистичката партија, Рахман Раја, од морални причини се откажа од пратеничкиот мандат.

dobivaj vesti na viber

Изјавил дека нема зборови да го изрази својот срам кон оние кои му верувале сите овие години, додавајќи дека „не успеал како родител и се чувствува засрамен” и побарал од синот да се предаде на полицијата.

„Им се извинувам на моите пријатели и колеги од пратеничката група и соопштувам дека се откажувам од пратеничкиот мандат и се повлекувам од политичкиот живот. Им се извинувам на тие што ме гласаа од 2000 година за градоначалник и во два мандата за пратеник. Им се извинувам на лицата кои беа жртва на тоа срамно насилство за моето семејство. Го повикувам мојот син да и се предаде на правдата. Господ да ми даде сила да се соочам со оваа голема болка и срам што, како камен го остави мојот син на моите плеќи, рекол Раја.

Инцидентот се случил вчера во кафуле каде седеле членови на семејството Маја кога оние од Раја ги нападнале со безбол палки.

Можете да прочитате

Нема преживеани во авионската несреќа во Бразил

Патнички авион со 62 лица се урна во предградие на Сао Паолo – погоди неколку куќи

Во Бразил се урна патнички авион со 62 патници