Утрински Весник
Македонија

Мицкоски брани криминал и сака да биде судија и обвинител, тоа нема да се случи, порача СДСМ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку „Скопје 2014“ врз грбот на народот
Dik 300x250 mk

„Случајот Феникс го потврди криминалот на ДПМНЕ, но го покажа и вистинското лице на Мицкоски кој го брани криминалот во Скопје 2014“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Тие додаваат:

Нема промена во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија од времето на Никола Груевски.

Мицкоски сака да биде судија и обвинител, тој да дели правда, да кажува кој треба да одговара а кој не треба за сторен криминал.

Исто како Груевски.

Тоа од една страна е рушење на правниот поредок на земјата а од друга страна желба за ставање над Законот и Уставот.

Ниту е Мицкоски над Законот ниту над Уставот и желбата на Мицкоски нема да се исполни.

Сите што се огрешиле ќе сносат одговорност преку соодветна законска постапка и пред надлежни судски институции.

Можете да прочитате

Средба Мицкоски – Страмер: Разговарано за продлабочување на билатералната соработка

Мицкоски во Лондон се сретна со Пленковиќ и со Одил Рено-Басо

Под истрага 12 лица осомничени за лихварство и перење пари