Утрински Весник
Спорт

Почетино: Горд сум на моето минато, но сега фокусот е само кон Челси

Почетино: Горд сум на моето минато, но сега фокусот е само кон Челси

Маурисио Почетино вели дека е горд на своето минато, но дека сега како нов менаџер на Челси сака да гледа само во иднината на клубот. Поранешниот прв човек на Тотенхем го презеде нивниот лут ривал Челси, по што во првата изјава на новата позиција ги налути навивачите на Тотенхем со изјавата дека Челси е „најголемиот клуб во Англија во последните 15 години“.

dobivaj vesti na viber

Според англиските медиуми, токму врската со Тотенхем била проблем во првите преговори со Почетино минатиот септември, пред клубот да го ангажира Греем Потер. Но, во вториот обид, немаше ваков проблем и Аргентинецот пристигна на „Стемфорд Бриџ“.

„Тоа беше една година чекање и сега сум горд што сум тука. Мислам дека за мене е голема шанса да се вратам во Премиерлигата, за мене најдобра лига на светот и Челси ме убедија во нивниот проект. Горд сум на моето минато, но не сакам да зборувам за тоа, туку да се фокусирам на иднината и на градење на силен тим“, вели Почетино.

Запрашан дали зборувал со најблиските за ривалството помееѓу Спарс и Челси пред да ја прифати понудата, тој беше искрен.

„Секако, имам блиски луѓе со кои секогаш ги разгледуваме различните мислења. Мислам дека најважно е сега да не размислувам за тоа, туку за проектот кој е пред нас. Шансата да се дојде во Челси не се пропушта. Знам дека сум тука за да победувам, не да бидам фин“, додава Почетино.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари