Утрински Весник
Македонија

Детали од МВР: Пукано во таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски, роднина на Љубе Бошковски

Детали од МВР: Пукано во таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски, роднина на Љубе Бошковски

Утрово е пукано кон таткото на Самоил Костадиновски, кој е исчезнат веќе четврти месец. Тој е повреден и веднаш е пренесен во болница, а полицијата е на терен. Од МВР потврдуваат.

dobivaj vesti na viber

„Пријавено е дека на подрачјето на Аеродром, едно лице пукало и го повредило Љ.К. (57) пред неговиот дом. Пренесен бил во комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ за укажување на лекарска помош“, велат од МВР.

Таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски, познат како внук на политичарот Љубе Бошковски,  нудеше парична награда за негово пронаоѓање. Макфакс се обиде да стапи во контакт со Костадиновски, но тој не одговори на повиците.

Зa исчезнувањеte на Самуил пријавил неговиот 32-годишен брат во осум часот наутро на 4-ти март, по што од МВР биле преземени соодветни мерки за негово пронаоѓање. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потврди дека се постапува по случајот со исчезнувањето на 26-годишното момче кое, според пишувањата во медиумите, е роднина на политичарот и лидер на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски.

Тоа што е досега познато, како што посочи министерот, е дека се упасени две лица во однос на овој предмет и дека е поднесена кривична пријава за грабнување.

Можете да прочитате

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата

Поради пожар во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје

Шести ден блокада кај Љубојно против масовната сеча, полицијата казни учесник во протестот поради попречување на патот