Утрински Весник
Свет

„Евројпаните ќе станат вазали“: француски „Монд“ пишува дека Европа станува се’ повеќе зависна од САД

„Евројпаните ќе станат вазали“: француски „Монд“ пишува дека Европа станува се’ повеќе зависна од САД
Dik 300x250 mk

Европа станува се повеќе зависна од САД како дел од Северноатлантската алијанса, пишува француски „Монд“.

dobivaj vesti na viber

Кога членките на НАТО ќе се соберат на самитот во Вилнус, „Европјаните ќе се најдат во позиција на вазали, позависни од САД од кога било досега“, посочува весникот.

Весникот наведува дека „јазот меѓу потенцијалот на двата столба на НАТО расте во сите сфери, на штета на Европа“.

Новинарите на „Монд“ сметаат дека Европа заостанува зад САД во сите стратешки важни сфери, како што се економијата, технологијата и одбраната и забележуваат дека овој тренд трае од 1945 година.

„Јазот продолжува да расте спротивно на декларираните аспирации за постигнување поголема европска стратешка автономија“, оценува „Монд“.

Весникот посочува дека „Вашингтон игра комплицирана игра“ редовно „изјавувајќи ја својата желба да види помоќен европски дел од НАТО, додека во исто време нивната воена индустрија ужива невидено широко присуство во Европа, потиснувајќи ги ретките заеднички европски проекти“.

Можете да прочитате

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот

Администрацијата на Трамп ќе го затвори целиот американски воздушен простор доколку се процени дека е небезбеден

Зеленски за ситуацијата на фронтот: Разберете колку ни е тешко