Утрински Весник
Свет
Img 7972

Уапсен убиецот на 18-годишната тик-токерка од Белград

Уапсен убиецот на 18-годишната тик-токерка од Белград
300x250 opst2

Страшно злосторство е откриено денеска на улицата Цар Лазар во Белград, кога е убиена Ноа Миливојев (18) од Ковиље, по кој се трагаше. За делото е уапсен и сослушан Д.О.(33) во рамките на истрагата за исчезнувањето на тиктокерката, а соседите од зградата на осомничениот откриваат што се случило пред две недели во нивната зграда.

dobivaj vesti na viber

„Ја виделе пред неколку месеци со уапсениот кој живее во таа зграда. Полицијата веќе доаѓаше поради нивните расправии. Уапсениот веќе е сослушан во врска со исчезнувањето. 2 недели пред исчезнувањето врескала дека ќе искрши станови во зградата ако не и ги вратат работите. Забележавме дека речиси секој ден фрла некои работи од станот“  раскажуваат соседите.

Тиктокерката позната по прекар Ноа исчезнала на 17 јуни во Белград, а на денот кога и се губи секаква трага телефонски разговарала со мајка си и рекла дека оди да се види со нејзиниот дечко.

Можете да прочитате

Зеленски бара акција против „воздушниот терор“ на Москва по над 4.000 напади за една недела

Папата вели дека примирјето во Газа дава „искра на надеж“

Хамас соопштил дека уште денеска може да ги ослободи заложниците, потврди дека 20 се живи