Утрински Весник
Македонија

19-годишна девојка од Гостиварско силувана од маж со кој претходно била во љубовна врска

19-годишна девојка од Гостиварско силувана од маж со кој претходно била во љубовна врска

Вчеравечер, околу 20.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 54-годишниот Ф. Т. од Неготино, Полошко.

dobivaj vesti na viber

Тој претходно бил пријавен од 19-годишна жителка на гостиварско село, со која претходно биле во љубовна врска, дека во стан во Гостивар ѝ извршил обљуба.

Нешто подоцна, при претрес во неговиот дом, реализиран со судска наредба, биле пронајдени остатоци од бела прашеста материја.

Полицијата соопшти дека тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот по што ќе следува поднесок.

Можете да прочитате

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

ЛДП: Михаилова ни докажа дека во владата го изгубиле огледалото – ќе има ребаланс, па да им купиме едно за да се погледнат самите себе!