Утрински Весник
Спорт

Работнички се засили со Нигериецот Рашид Содик

Работнички се засили со Нигериецот Рашид Содик

Нигерискиот интернационалец Рашид Содик е најновото засилување за Работнички, објави македонскиот прволигаш. Тој потпиша двегодишен договор и веднаш се вклучува во тренажниот процес на тимот.

dobivaj vesti na viber

„Чест ми е што ќе го носам дресот на Работнички. Кога пристигна понудата, воопшто не се двоумев. Добро знам какво е педигрето на овој клуб во македонскиот фудбал. Се надевам дека ќе дадам придонес во остварување на целите на клубот во наредниот период“, изјави Рашид Содик за официјалниот сајт на клубот.

Тој добро ја знае состојбата во македонскиот фудбал, со оглед дека минатата сезона беше член на ФК Скопје, за кој одигра 16 натпревари или вкупно 2.227 минути и беше еден од најистакнатите поединци во тимот.

Рашид Содик кариерата ја почнал во нигерискиот клуб Ремо Старс, а за првпат во Европа пристигна во редовите на норвешкиот клуб Фремад Амагер. Има настапувано и за Аланија Владикавказ и за Виста Геленѕик.

 

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност