Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Фанови на Тејлор Свифт почнаа да чекаат два дена пред продажбата на билети за нејзин концерт

Фанови на Тејлор Свифт почнаа да чекаат два дена пред продажбата на билети за нејзин концерт
Img 7972

Во тек е нова битка во големата војна за билети за концерт на Тејлор Свифт, откако билетите во претпродажба за концертите на поп-ѕвездата во Сингапур следната година се распродадоа за три часа.

dobivaj vesti na viber

Во средата, билетите во претпродажба за турнејата на Тејлор Свифт „Д’ Ерас“ во Сингапур во март 2024 година се распродадоа во рок од три часа поради исклучително високата побарувачка, со преку 1.4 милиони фанови кои чекаа онлајн.

Од 7 јули билетите ќе бидат достапни и онлајн на „Тикетмастер“ и физички во кое било од 55-те продажни места на „Синг-пост“ низ земјата.

Пред општата продажба, која започнува во петок напладне, неколку тврдокорни фанови не сакаа да остават ништо на случајноста, па почнаа да чекаат два дена однапред во филијалите на „Сингапур-пост“ (SingPost), со надеж дека ќе бидат први кога ќе започне продажбата на билети.

Очигледно се поттикнати од преголема желба и надеж дека ќе присуствуваат на еден од нејзините шест настапи на Националниот стадион во март 2024 година.

Платформата за издавање билети „Тикет-мастер“ (Ticketmaster) – алтернативен метод кој бара од фановите да се приклучат на онлајн редица – не доаѓаше во предвид бидејќи обично паѓа и не се справува добро со голема количина.

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време