Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Наместо да повика на одговорност Мицкоски го брани криминалот на ДПМНЕ

СДСМ: Наместо да повика на одговорност Мицкоски го брани криминалот на ДПМНЕ

Последниот случај Феникс, во којшто се осомничени највисоки поранешни функционери на ДПМНЕ за злоупотреба на 57 милиони евра уште еднаш го потврди криминалот преку Скопје 2014, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Скопје 2014 е најголемата пералница на пари на ДПМНЕ. Но, тоа е само дел од криминалот на оваа партија. Бројни судски пресуди со долгогодишни затворски казни, стотици осудени сегашни и поранешни функционери на ДПМНЕ, меѓу кои и за злосторничко здружение се дел од криминалот кој институционално е потврден од надлежни судови“, соопштуваат од СДСМ.

„Дури Белата палата, седиштето на ДПМНЕ е криминално стекната, врз грбот на граѓаните. Но, наместо Христијан Мицкоски да побара целосно расчистување на сите случаи, низ законски постапки, наместо да побара одговорност на секој што го прекршил законот тој го брани криминалот на ДПМНЕ.

Тоа покажува дека ништо не се променило во ДПМНЕ, тоа е истата режимска, криминална партија“, се додава во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Расчистени одроните од карпи и паднатото дрво на автопатот Скопје-Велес

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено