Утрински Весник
Македонија

Македонија зафатена од нестабилно време, УХМР најавува врнежи и во текот на ноќта

Сончево време, попладне порoен дожд, грмежи и ветер

Северозападниот дел од земјава во моментот е зафатен од нестабилна воздушна маса, проследена со пороен дожд, грмежи и можна појава на град.

dobivaj vesti na viber

Оваа маса се наоѓа западно од Скопската Котлина и се приближува кон западниот дел на градот, но поинтензивно јадро се наоѓа југозападно од градското подрачје, велат од УХМР.

Во првата половина од ноќта ќе се задржи променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Во втората половина од ноќта атмосферата ќе се стабилизира.

Најмногу дожд наврна во Струмица – 64 литри на метар квадратен и во Битола, каде до 20 часот паднале 48 литри дожд на метар квадратен. Во овие градови имаше поплавувања на куќи, блокирани улици и други штети.

Интензивни врнежи попладнево имаше и во Виница, Гевгелија, Крива Паланка, Штип, Берово, Прилеп.

 

Можете да прочитате

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон