Утрински Весник
Македонија

Невреме во Штип: наноси од земја, камења и песок на улиците, вода навлезе во неколку објекти

Денеска поинтензивни врнежи од дожд

Од поројниот дожд што го зафати Штип, на неколку локации во градот има појава на наноси од земја, камења и песок, а во некои објекти навлегла вода, информираат од Центарот за управување со кризи.

dobivaj vesti na viber

Регионалниот ЦУК Штип објави дека, како последица од поројниот дожд што го зафати Штип, на неколку локации во градот има појава на наноси од земја, камења и песок. Од страна на екипи на ЈП „Исар“ се интервенира со цел за да се отстранат истите.

Територијалната противпожарна единица Штип, со 3 ПП возила и 8 пожарникари интервенира на неколку објекти во долниот тек на реката Отиња (локација на потегот од црква „Свети Никола“ до Ново Село) во коишто има навлезено вода.

Досега нема информации за поголеми предизвикани штети од невремето што го зафати градот Штип.

Можете да прочитате

Вработените на Урологија се откажале од субвенции за телефони за да купат клими за болничките соби

Независните со сериозна шанса да му ги поматат сметките на Мицкоски на локалните избори

Лебот оставен на улица: Колку сте сигурни во хигиенските услови на храната?