Утрински Весник
Македонија

Подметнал пожар во зграда, приведен радовишанец

Најмалку осум загинати, седуммина повредени во пожар во изложбен салон за електрични скутери

Вчера, во 13.20 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Б. Ѓ. (57) од Радовиш, кој се сомничи дека околу 5.40 часот подметнал пожар во станбена зграда лоцирана на булеварот Александар Македонски во Радовиш, во кој биле опожарени влезни врати од 8 стана, ходниците и една разводна табла за електрична енергија.

dobivaj vesti na viber

По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш, пожарот бил изгаснат, повредени лица нема, а увид на местото извршиле инспектор од Дирекција за заштита и спасување и екипа од ОВР Радовиш.

При лишувањето од слобода кај Б. Ѓ. биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, а такви предмети биле пронајдени и во неговиот дом.

Тој бил задржан во Полициската станица Радовиш и со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и во текот на денот лицето ќе биде изведено пред судија на претходна постапка од Основниот суд Струмица.

Можете да прочитате

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

Нов топол бран од Африка ќе ја зафати нашата Македонија!

Утрово голема полициска акција во Липково, Куманово и Желино – претреси поради финансиски криминал