Утрински Весник
Свет

(Видео) Воз се заглави во забавен парк во САД, луѓето виселе наопаку три часа

(Видео) Воз се заглави во забавен парк во САД, луѓето виселе наопаку три часа

Еден од играчките возови во забавниот парк во Висконсин се заглавил и останал да виси во воздухот. Осум патници останале заглавени во возот и виселе наопаку повеќе од три часа, соопшти пожарникарската служба „Крандон“.

dobivaj vesti na viber

„Имаше механички дефект за време на возењето и возот се заглави во исправена положба“, изјави капетанот на противпожарната служба, Бренан Кук.

На видеата на социјалните мрежи се гледа како спасувачот се качува во возот додека патниците чекаат превртени наопаку.

Поради висината на возот, на помош била повикана специјална опрема и спасувачки екипи, се наведува во соопштението.

Патниците чекале да дојде камион со скала од далечина од 45 минути, се вели во соопштението.

Во спасувањето на патниците учествувале десет противпожарни возила, девет амбулантни возила и 50 лица од три реони, соопштија пожарникарите.

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп