Четири лица се лишени од слобода во вчерашната контрола на подрачјето на Прилеп, во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, извршена од полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп, во соработка со инспектори од Државниот девизен инспекторат, со цел откривање на кривични дела од Законот за девизното работење.
– При контролата биле затекнати 4 лица кои неовластено вршеле размена на странски и домашни валути со други лица. Притоа, М.Т.(61), Ј.К.(65), С.Ѓ.(53) и В.М.(67), сите од Прилеп, биле лишени од слобода, поради сомнение за извршено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски и платежни средства и чекови“ и кај нив се пронајдени и привремено одземени вкупно околу 1.545.097 денари во различни валути, извести МВР.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Прилеп.