Утрински Весник
Македонија

Адвокатите на Јанакиески ќе бараат спојување на притворите од 4,8 години, за да му се засметаат во казната за „Титаник“

Адвокатите на Јанакиески ќе бараат спојување на притворите од 4,8 години, за да му се засметаат во казната за „Титаник“

Адвокатите на Миле Јанакиески ќе бараат спојување на сите притвори кои ги има издржано, со вкупно времетраење од 4,8 години, за да му се засметаат во изречената казна од 3,6 години за „Титаник“, дознава „Макфакс“. Барањето ќе биде упатено до претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, кој според нив, може да донесе вакво решение. Јанакиески скоро пет години е во домашен, но и во ефективен притвор кој го издржуваше во затворот „Скопје“ во Шутка.

dobivaj vesti na viber

Според адвокатите, притворот кој осудениот го добил по различни предмети, може да се засмета во казната за „Титаник“, Џолев како претседател на суд треба да донесе одлука. Досега, Јанакиески беше во притвор поради предметите „ТНТ“, „Топлик“, „Титаник“, „Шпански скали“.

Барањето за спојување на притвори и засметување во „Титаник“ доаѓа откако Јанакиески остана единствениот кој има затворска казна од сите обвинети кои поднесоа жалби пред Апелација. Тој треба да одлежи 3,6 години.

Можете да прочитате

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка само неколку месеци по изборот

Началникот на Вооружените сили на Сојузна Република Германија во официјална посета на Армијата

ВЛЕН: Каде завршија деветте милиони евра од ЕУ, додека Зајас на Али Ахмети остана без канализација