Утрински Весник
Македонија

Запленети 90 илјади евра на аеродромот во Скопје

Запленети 90 илјади евра на аеродромот во Скопје

Царинските службеници од царинската испостава Аеродром спречија обид за нелегално изнесување на девизи и запленија 90.000 евра по извршена контрола на патникот Х.А. кој патувал на релација Скопје – Цирих.

dobivaj vesti na viber

Патникот, инаку странски државјанин, на Меѓународниот аеродром Скопје се пријавил со само еден сив куфер, по што се упатил на излез од Република Северна Македонија и не пријавил ништо за царинска контрола.

При контрола на патникот од страна на царински службеник, во предните и задните џебови се пронајдени 100 илјади евра кои не биле пријавени, со што е сторен прекршок по член 56-в став 2 од Законот за девизно работење, известуваат од Царинската управа.

Согласно Законот вратени му се 10 илјади евра, а останатите 90 илјади евра за кои не поседувал документ се привремено задржани.

Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок до надлежниот суд, се додава во соопштението од Царинска управа.

Можете да прочитате

Македонец лежи затвор за учество во војната во Украина – РСЕ го посети во „Идризово“

Шукова: Мицкоски живее во паралелен свет каде горењето отпад не загадува

Костадинов: Егзит останува во Струмица