Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, кој вчера и официјално потпиша договор со Ал-Етифак, сака да го земе актуелниот капитен на „црвените“, Џордан Хендерсон, во својот нов клуб. Покрај него, во плановите на Џерард е и Пјер-Емерик Обамејанг. Доколку овие трансфери се реализираат, тие би станале нови соиграчи на Дарко Велковски.
Хендерсон (33) е под договор со Ливерпул уште две сезони, но ремонтот на средниот ред на „црвените“ ова лето може да се покаже како фактор во корст на Џерард. Јирген Клоп веќе ги ангажираше Алексис Мекалистер и Доминик Собослај, а Ливерпул се очекува да ангажира и трет нов играч од средниот ред во наредните денови.
Џерард сака во Ал-Етифак да го доведе и Пјер-Емерик Обамејанг, кој е под договор со Челси на уште една сезона, но сигурно ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ ова лето. Во плановите на поранешниот менаџер на Астон Вила е и Фелипе Кутињо.