Утрински Весник
Македонија

Вонреден инспекциски надзор во ГАК за случајот со родилката која скокна од прозор

Вонреден инспекциски надзор во ГАК за случајот со родилката која скокна од прозор

Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор во ГАК во врска со случајот со 39-годишната родилка која скокна од прозор на УК за гинекологија, информира Министерството за здравство.

dobivaj vesti na viber

– Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба, велат од МЗ.

По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана, се додава во соопштението.

39-годишна жена скокна од први кат од Гинекологија, три дена откако се породила. По породувањето со царски рез мајката и бебето биле во добра здравствена состојба. Но, родилката во петокот се пожалила на мала вознемиреност и разговарала со клинички психолог, по што состојбата и се следела.

Во саботата била добро, а вознемирувањето и се повторило во неделата наутро, велат од Клиниката за Гинекологија. По падот, жената итно била префрлена на КАРИЛ, каде била оперирана.

Од здобиените повреди, по операцијата, родилката е во тешка, животозагрозувачка ситуација, известија од Гинекологија.

Можете да прочитате

Филипче: Аферата со АНБ е измислена, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од вистината

Сиромашни сме за нула отпад, смета премиерот – создаваат магла и растураат пердуви

24 сторија: Самохрана мајка без редовни приходи мора да плати приватна хоспитализација на нејзиниот татко поради немање државјанство