Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили се појави на телевизија за прв пат по неколку месеци.
55-годишникот беше речиси непрепознатлив и бледа сенка на себе кога се појави преку видео врска на сослушувањето во понеделникот.
Health fears over jailed former Georgia president after video appearance https://t.co/36B18lttmv
— The Guardian (@guardian) July 4, 2023
Лекарите рекоа дека Саакашвили е изложен на ризик да умре од состојба која ја развил додека бил во притвор, иако грузиските власти велат дека добил соодветна медицинска нега.
Појавувајќи се преку видео-врска на судското рочиште под обвинение за „злоупотреба на службената положба“, Саакашвили ја подигна кошулата.
„Потполно невин човек се држи во притвор. Јас не направив никакво кривично дело“, рече тој во извештајот што се емитуваше во живо на неколку независни ТВ канали.
Тој се наоѓа во цивилна болница, каде што беше префрлен минатата година откако започна 50-дневен штрајк со глад во знак на протест поради неговиот притвор.
„Да ме ставите во затвор нема да ме скрши. „Ќе бидам активно вклучен во грузиската политика“, рече тој.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака Саакашвили, кој доби украинско државјанство во 2019 година, да биде префрлен во клиника во Украина или на Запад.