Утрински Весник
Македонија

Ковачевски е директен учесник во криминалиите на ДУИ и Ахмети, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски: 30 години Северна Македонија во ОН – во фокус почитување на човековите права, демократија и економски развој

Од партијата ВМРО- ДПМНЕ тврдат дека Димитар Ковачевски молчи за криминалот на неговиот коалициски партнер Али Ахмети и кланот Зајас.

dobivaj vesti na viber

„Ковачевски бега и не смее збор да изусти за тоа како Шкумбин, Дрин и Бесијан Ахмети кои ја формирале компанија „Хелиос“ , и сопствената банка ја известиле дека ќе градат фотоволтаична централа, како и дека имаат дозвола од страна на државните институции и дека планираат јавно приватно партнерство за централата е изградбата на фотоволтаична централа од 60МW во Кичево, вредна 35 милиони евра. Без одобрување и поддршка од Ковачевски и Ахмети никој не може да даде усмена гаранција дека нивниот бизнис ќе биде реализиран и тоа со финансиска помош од владата на СДС и ДУИ. Зошто Ковачевски молчи? Дали фотоволтаичната централа треба да се гради со панели од Пиксле груп, формирана од него? Дали заради интерес Ковачевски молчи и го аминува криминалот на кланот Зајас?, велат од партијата.

Според нив Ковачевски е соучесник во бизнисот, затоа што и тој има интерес од сето ова.

„Ковачевски е директен учесник во криминалиите на ДУИ и Ахмети. Ковачевски се плаши да побара одговор и одговорност за Ахмети и ДУИ, бидејќи и тој е целиот во криминал. Али Ахмети и Димитар Ковачевски се најголемите криминалци. ДУИ 22 години ја пустоши државата. ДУИ мора да замине во опозиција и да одговара за сиот криминал“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека на граѓаните не им треба премиер како Ковачевски кој го аминува криминалот на ДУИ и Ахмети и кој нема храброст јавно да зборува за криминалиите на Ахмети и ДУИ.

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци