Утрински Весник
Свет

Четири лица убиени во престрелка во Филаделфија, повредени две деца

Убил две девојчиња и трудница во Тексас, силувал дете, па се самоубил

Четири лица се убиени во американскиот град Филаделфија доцна во понеделникот, соопшти полицијата. Во престрелката во југозападниот дел на градот се ранети две деца на возраст од две и 13 години. Сите жртви се мажи.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот напаѓач е во притвор, а кај него биле пронајдени пушка и пиштол. Осомничениот, чие име не е објавено, носел елек со повеќе рамки за муниција.

На прес-конференција, полицискиот комесар во Филаделфија, Даниел Аутлау, рече дека полицијата го примила повикот околу 20:30 часот по локално време во понеделникот. Полицајците констатирале дека на лице место има повеќе жртви, а додека прибирале докази слушнале истрели, рече таа.

Таа додаде дека полицијата потоа го бркала осомничениот, додека мажот за кој се верува дека има околу 40 години пукал во нив. Подоцна бил приведен.

Можете да прочитате

Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град

Израел издаде предупредување до Иранците да се држат подалеку од воени објекти