Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Обвинителот нека отвори предистрага за споменикот во Слупчане, случајот „Феникс“ е театар за јавноста

Мицкоски: Обвинителот нека отвори предистрага за споменикот во Слупчане, случајот „Феникс“ е театар за јавноста

Случајот за „Скопје 2014“ кој е во фаза на истрага, за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е театар и дефокус. Таму нема дело, порача тој, по што го повика обвинителот Љубомир Лапе да отвори барем предистрага за спомениците во Слупчане или Колари, каде исто како во Центар, со одлука на општина се поставени споменици, за кои нема одлучено Собранието.

dobivaj vesti na viber

„Тоа што беше театар пред јавноста, а што беше прикажано пред некој ден, вие го нарековте случај ‘Феникс’ е со една цел а тоа е дефокус од јавното мислење, за да се дивергира од оние кои денеска купуваат со десетици милиони евра во центарот на Скопје. Ако имало дело тоа ќе било решено пред 7-8-9 години. И второ, продолжува на тој начин да се негира македонскиот идентитет – бидејќи се фрла сенка на идентитетските обележја односно тие споменици кои имаат за цел да прикажат историски континуитет на битката на македонскиот народ за своја држава и битката за својот сопствен идентитет. Добро е со камерите да појдете во споменикот во Слупчане, кој ја дал дозволата за градба, кој и како го финансирал. И го охрабрувам тој обвинител да отвори една таква предистрага, барем нека се охрабри предистрага да отвори“, рече Мицкоски.

Упати јавен повик до новинарите и обвинителот кој го води случајот за „Скопје 2014“

„Може да одиме до Зајас? До Колари? Или сакате до уште неколку места да ве однесам во Македонија каде што има такви нелегални градби и каде има основано сомневање за еден поспектакуларен случај, од овој, кој служи за дефокус од криминалите на овие неколку семејства кои ја имаат заробено Македонија“, додаде Мицкоски.

На крајот, порача дека граѓаните на избори ќе испратат порака дека е време за во Идризово, наместо за опстојување на власт, на политичарите кои сега владеат со Македонија.

Можете да прочитате

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика